(ФОТО) НА АЕРОДРОМ ОТКРИЛЕ ДЕКА БАГАЖОТ ИМ Е ПОТЕЖОК ТРИ КИЛОГРАМИ: Кога го отвориле куферот, доживеале голем шок!


Пар од САД кој заминал на пат доживеал големо изненадување веќе на аеродромот.
Имено, кога им бил измерен багажот, сфатиле дека еден куфер е три килограми потежок отколку што треба. Бидејќи не сакале дополнително да платат, решиле да го отворат за да видат што е толку тешко внатре и да исфрлат неколку работи.
Сепак, она што го нашле внатре дефинитивно не било за „фрлање“. Тие три вишок килограми се точната тежина на нивната чивава Ики. Не се обиделе да ја прошверцуваат – Ики се турнала во куферот и се сокрила внатре. Ако потешкиот багаж не бил забележан на време, чивавата ќе полеташе со своите сопственици.


Ики била склона да копа низ облеката и да се крие под неа, но сепак останува малку нејасно како сопствениците не забележале дека кучето го нема никаде во куќата.
Во секој случај, тие биле многу среќни што ја откриле навреме, бидејќи се прилично сигурни дека таа немало да го преживее летот.
Вработен на аеродромот понудил да го чува кучето додека не се вратат сопствениците кои тргнале на пат.

Фото: Илустрација


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

УТРЕ Е ВЕЛИКИ ПЕТОК – ДЕН НА ТИШИНА, ПОСТ И ДЛАБОКА ВЕРА! Што никогаш не треба да се прави, а што носи благослов во домот

Утре е Велики петок – најтажниот ден во христијанството. Денот кога, според традицијата, Исус Христос …