(ФОТО) „На 34 години добив РАК НА ДЕБЕЛОТО ЦРЕВО и бев убедена дека СЕКОЈА МАЈКА ГИ ИМА ОВИЕ СИМПТОМИ“: Сара поминала низ пекол, денес ги МОЛИ ЛУЃЕТО да одат на колоноскопија


– Сара забележала промени во празнењето на цревата и година и пол подоцна открила дека има рак на дебелото црево во четврти стадиум
– По колоноскопијата, било откриено дека има повеќе од 100 полипи на дебелото црево
Сара Беран имала две деца, мал семеен бизнис и само 34 години кога забележала дека трча до тоалет на секој час. На почетокот, таа немала поим дека нејзиното тело се бори против некоја злобна болест. Таа верувала дека добила синдром на иритабилни црева, кој ги погодува 45 милиони Американци, и дека проблемот ќе биде привремен.
Сара немала време да оди на лекар. Преоптоварена со обврски како повеќето мајки, таа го одложувала одењето на преглед, сметајќи на фактот дека трчањето до тоалет ќе престане во одреден момент, кога ќе престане стресот што ја притиска на секој чекор. Инаку, таа живеела здрав живот, редовно вежбала и внимавала на исхраната. И потоа открила дека има рак на дебелото црево во четврти стадиум.

Сара знаела дека има само една опција: борба.
„Морав да го победам“, изјавила таа за Њујорк пост. „Немаше друг избор.“


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Sarah Beran (@sarahberanstyle)


Со исклучок на ракот на кожата, ракот на дебелото црево е трет најчест рак во Соединетите Американски Држави, според Американското здружение за рак. Во Македонија, ситуацијата е исто катастрофална: Според последните податоци од 2021 година, во Македонија има 747 нови случаи од рак на дебело црево (колон, ректум и сигма). Секоја година во Македонија од оваа болест умираат околу 500 луѓе или 482 во 2021 година, што ја рангира оваа болест како втора водечка причина за смрт од малигни тумори и кај мажите (303) и кај жените (179) и ја прави социо-медицински проблем. Ракот на дебелото црево најчесто ги погодува постарите лица, по 70-годишна возраст, велат од ИЈЗ, но во последната деценија е јасен тренд на зголемување на инциденцата кај младите, на возраст под 40 години.
Некогаш се сметало дека ракот на дебелото црево првенствено ги погодува постарите лица, но сега е познато дека е почест кај помладата популација. И проценките се многу мрачни: се очекува дијагнозите кај оние под 50 години да се удвојат до 2030 година.

Она што е особено алармантно е фактот дека кај помладите луѓе, како што е случајот со Сара Беран, болеста често се дијагностицира во понапредни фази, кога е потешко да се лекува и кога стапката на преживување се намалува. Како резултат на тоа, во САД, ракот на дебелото црево сега е најсмртоносниот рак кај мажите под 50 години и втор најсмртоносен кај жените во истата возрасна категорија.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Следува силно невреме во нашата Македонија

Денес среда (21 мај) територијата на нашата Република Македонија ќе биде зафатена од поголем фронтален …