„Често се прашувам што би се случило да не се венчав со неа. Можеби не би преживеал без нејзината смисла за хумор и искрен инстикт“, изјавил во една прилика Кирк Даглас.
Ен Даглас, вдовицата на Кирк Даглас и маќеа на актерот Мајкл починала вчера во Калифорнија. Пред една недела таа го прослави својот 102. роденден.
View this post on Instagram
Нејзиниот сопруг, легендарниот актер Кирк Даглас почина во февруари 2020 година на 104. години. Парот се венчал во 1954. година откако се запознале во Париз за време на снимање на филмот „Act of Love“.
View this post on Instagram
Двајцата ги имаа синовите Питер кој е продуцент и Ерик кој е актер.
„Често се прашувам што би се случило да не се венчав со неа. Можеби не би преживеал без нејзината смисла за хумор и искрен инстикт“, изјавил во една прилика Кирк Даглас.
Мајкл истакнал дека таа го извлекувала најдоброто од сите нив, особено од неговиот татко.
Фото: Принтскрин/Instagram