(ФОТО) „МОЖАТ СЕ ДА МИ ЗЕМАТ АМА ОВА НЕ“ – Анџелина Џоли проговорила за своите деца: „Тие не се родени во приватност“

Холивудската дива Анџелина Џоли ретко зборува за својот приватен живот, но во новото интервју за Good Morning America го отворила срцето и открила дека нејзината најголема среќа е улогата на мајка. Актерката проговорила за своите деца, нивната потреба од приватност и нивното одбивање да ги следат актерските стапки на нивните познати родители.
„Моите деца не сакаат да бидат пред камерите. Шајло, на пример, е исклучително приватна”, рекла 49-годишната Анџелина Џоли. „Тие не се родени со приватност, но се надевам дека ќе ја имаат кога ќе пораснат.
Џоли, која моментално го промовира својот филм Марија, има шест деца со поранешниот сопруг Бред Пит: Медокс (22), Пакс (20), Захара (19), Шајло (18) и близнаците Нокс и Вивиен (16).

„Мајчинството ми е се“
„Мајчинството ми е се“, истакнала Анџелина и нагласила дека ништо друго не и е важно. „Можат се да ми земат, но мајчинството – тоа е мојата среќа.
Актерката додала дека децата моментално не се заинтересирани за светот на глумата. „Сите тие се многу повлечени и посветени на своите интереси.


Додека се подготвувала за улогата на Марија Калас во филмот, Анџелина признала дека нејзините обиди да пее опера дома биле „ноќен кошмар“ за нејзиното семејство.


„Сите мои деца поминаа низ тоа кога почнував да пеам. Мислам дека тоа беше вистински предизвик за нив“, се пошегувала таа.

Последен удар кон Бред
Една од најголемите промени во нивното семејство оваа година беше правната одлука на Шајло Џоли, која во август и официјално го отфрли презимето на нејзиниот татко од името, станувајќи Шајло Нувел Џоли. Петицијата за промена ја поднела токму на нејзиниот 18 роденден, 27 мај.
Овој потег доаѓа во време на осумгодишната правна битка меѓу Анџелина и Бред, која вклучува и тужба поврзана со нивната винарија Chateau Miraval. Бред ја тужеше Анџелина за продажба на нејзиниот дел од имотот во октомври 2021 година за 67 милиони долари.


Поранешниот пар, кој има заедничко правно старателство над децата, продолжува да води сложени правни спорови и покрај тоа што официјално се разведени од април 2019 година.

Непријатен развод
Џоли и Пит се запознале во 2004 година на снимањето на филмот Mr. & Mrs. Smith, а се венчале во 2014 година по десет години врска. Иако изгледаа како совршен пар, Анџелина поднесе барање за развод во 2016 година, а нивното разделување се претвори во еден од најследените случаи во Холивуд.
„Моите деца не избраа живот под рефлекторите, но се трудам да им дадам што е можно поголема приватност додека растат“, изјавила Анџелина и додала дека е горда што избрале потивок живот далеку од камерите.

На крајот, Анџелина Џоли останува посветена на своето семејство, и покрај медиумските наслови и повеќегодишните правни битки. „Моите деца се моето сè. Тие се мојата среќа и она што ме покренува“, заклучила актерката.

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ФОТО) Во куќата на Ибрахимовиќ му се вселил маж и ќе живее со него! Одлуката е донесена, сопругата Хелена била шокирана

Судот во Шведска одлучил дека станарот во зградата што ја купиле Златан Ибрахимовиќ и Хелена …