(ФОТО) Морал да се правда – Кој ќе настапи на инаугурацијата на Трамп? Еден музичар предизвикал доста контроверзии…

Кантри ѕвездата Кери Андервуд, оперскиот пејач Кристофер Макио и кантри пејачот и саксофонист Ли Гринвуд ќе настапат на церемонијата на инаугурација на Трамп во Вашингтон. Најавениот настап на раперот Нели предизвикал особено бурни реакции.
Надвор од официјалната церемонија, неколку музичари ќе настапат на различни инаугурациски настани. Инаугурацискиот комитет објави дека Nelly, Kid Rock, The Village People, Billy Ray Cyrus, Jason Aldean, Rascal Flatts, Parker McCollum, Gavin DeGraw и Хорот на Универзитетот Либерти ќе настапат на инаугуративните митинзи и балови на Трамп.
Андервуд ќе ја пее „America the Beautiful“, а на фотографијата од програмата на церемонијата се гледа дека ќе настапи со хорот на вооружените сили и Клубот Glee на поморската академија на Соединетите држави.

Настапот на кантри пејачката ќе се одржи непосредно пред Трамп да положи заклетва како претседател на САД.
Комбинираниот хор на Универзитетот во Небраска-Линколн ќе обезбеди музички вовед на почетокот на церемонијата на инаугурација.
За време на церемонијата, Клубот на поморската академија на Соединетите Американски Држави ќе ја пее „The Battle Hymn of the Republic“.


Раперот Nelly, исто така, ќе настапи во понеделник вечер на Либерти балот, според инаугуративниот комитет, а неговата одлука да се приклучи на церемонијата предизвикала бурни реакции.
Неговите профили на социјалните мрежи се преплавени со критики, а некои забележале дека неговиот настап за Трамп се паѓа на Денот на Мартин Лутер Кинг, додека други укажале на низата расистички изјави дадени од Трамп и неговите поддржувачи за време на кампањата насочена кон Афроамериканците и луѓето од Јужна Америка.
На крајот морал да се правда, па рекол дека тоа не го прави за пари: „Ова не го правам за пари, ова го правам затоа што ми е чест. Ја почитувам канцеларијата. Не е важно кој е на функцијата“.

На инаугуративниот бал на Либерти, Nelly ќе ја краси сцената со Village People, чија класик „YMCA“ ги одбележа предизборните митинзи на Трамп.

Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МЕТЕОАЛАРМ АКТУЕЛНА НАЈАВА: Од вторник (11 февруари) попладне снег во западните и во југозападните предели!

Ладното време ќе продолжи и во текот на новата седмица, меѓутоа, од вторник попладне, па …