7. Добила милион долари за да ги отфрли документите за развод. Џеки патела поради изгубените деца, неверството од страна на сопругот и љубовта која избледела. Таткото на Џон Ф. Кенеди ѝ платил милион долари за таа да остане во брак со него бидејќи разводот би му наштетил на неговиот имиџ.
8. Обожавала топено сирење и газирани пијалаци. Тоа било нејзиниот таен грев и “порок”.
9. Третиот спрат од Белата куќа го претворила во училиште. За нејзините деца да не патат, таа им ги обезбедила најдобрите учители.
10. Џеки има добиено Еми награда. За време на нејзиното “владеење”, Белата куќа била реновирана, а за таа цел Џеки се појавила на телевизија и ги презентирала промените заедно со ТВ екипа. За таа епизода, добила Еми награда.
11. По убиството на сопругот, не го соблекла розовото одело кое било прекриено со крв. Сакала да им покаже на луѓето што му направиле на нејзиниот сопруг.
12. Била на терапија со електрошокови. Џеки страдала од ужасна депресија, а најголемиот напад го доживеала во 1962 година кога нејзиниот сопруг се вратил дома со љубовница. Џеки избегала од дома, а Џон повикал Итна помош. По ваквиот инцидент, била однесена на психијатрија каде една недела ја лекувале со електрошокови.