Вера Ванг неодамна го прославила својот 75 роденден, а на Инстаграм ги покажала фотографиите од прославата каде уште еднаш ги изненадила сите со својот младешки изглед.
Модната дизајнерка е препознатлива како личност која им пркоси на годините, а тоа уште еднаш го потврди со изданието со кое го прославува нејзиниот 75-ти роденден. Ванг за таа пригода носела два елегантни вечерни фустани.
Иако роденденот го прославила на 27 јуни, прославата била дури за време на викендот, па на Инстаграм споделила неколку објави на кои се гледаат нејзините креации кои ги носела.
View this post on Instagram
Таа носела долг црн фустан со исечоци на стомакот, а второто издание вклучувале долг бел фустан и бела бунда.
Речиси секоја објава на Вера привлекува внимание на социјалните мрежи. Кон крајот на минатата година таа позираше со ќерките Сесилија и Џозефин, а многумина велеа дека личи на нивна сестра. Претходно таа ја откри тајната на нејзиниот младешки изглед.
View this post on Instagram
„Бев активна во уметничко лизгање и балерина. Некако тоа останува со вас. Морам да бидам искрена – спиењето е клучно. Мислам дека не би можела да постојам ако не можам да спијам… Има и вотка. Коктел од вотка на крајот од денот ми помага да преминам од многу интензивен работен распоред во нешто поинтимна атмосфера“, рекла таа еднаш.
На 23-годишна возраст, таа станала најмладата уредничка на модниот магазин Vogue. После тоа, таа работеше за Ралф Лорен. На 40-годишна возраст, таа одлучила да стане независен дизајнер на венчаници, што беше успешен деловен потег.
Работела со многу познати дами, меѓу кои: Мишел Обама, Мараја Кери, Челзи Клинтон, Алиша Кис и други.
Фoтo: Принтскрин/Instagram