Елена Перминова израснала во сиромаштија, а денеска со сопругот Александар Лебедов живее живот од бајките.
32. годишната убавица го проживеала животот како Пепелашка само што дејствието е сместено во Русија.
Манекенката Елена Перминова денес живее живот од соништата – сопруга е на милијардерот Александар Лебедев,има три деца, прекрасни вили, бројни патувања зад себе, скапоцени автомобили и облека на познати светски дизајнери, а некогаш, буквално, немала ништо.
Нејзината животна приказна започнала во далечиотн и студен Сибир, каде што живеела во толку сиромаштија со нејзините родители и сестра, што кога нејзиниот татко им донел чоколади и гуми за џвакање, девојчињата мислеле дека го освоиле светот. И, тогаш на 16-годишна возраст Елена го напушти домот на своите родители и наскоро се наоѓа во неволја со своето момче.
Поточно, кревката русокоса жена со полни усни била фатена продава дрога во ноќен клуб, поради што таа завршила во затвор, од каде ја спасил нејзиниот сегашен сопруг Лебедев, поранешен бизнисмен во КГБ и милијардер.
https://www.instagram.com/p/BySpf-RikOZ/?utm_source=ig_embed
Имено, дилерот што Елена го издала и се закани со смрт, а во Русија нема заштита на сведоци, па затоа била осудена на 6. години затвор. Нејзиниот татко тогаш дошол до Лебедев, кој работел на донесување закон за заштита на сведоците како член на парламентот, но љубовта пламнала неколку години подоцна.
Лебедев е од неа постар 27 години, но тоа не ја запира нивната љубов. Сопругот, Елена го нарекува ангел чувар, а набргу по напуштањето на затворот, нејзината манекенска кариера започнала со фотографирање за славниот „Плејбој“.
https://www.instagram.com/p/BxuXQF7CX43/?utm_source=ig_embed
Тие снимања многумина не ги одобриле, но русокосата убавица истакнува дека никогаш не се срамела. Паралелно, таа дипломирала економија на универзитетот во Москва, влегла во светот на високата мода, во кој остварила брз напредок, а потоа започнала врска со бизнисменот кој е рангиран меѓу петте најбогати во Русија.
Елена денес е една од иконите во стил во Русија, а нејзиниот стил го обожаваат луѓето во другите делови на светот гледајќи ги нејзините фотографии на Инстаграм. Ниту едно светско шоу денес не може да мине без неа во првиот ред, затоа што иако не сака да се фали со гламурозниот животен стил, Елена признава дека сака многу шопинг.
Имено, парот Лебедев е многу атипичен за луѓето од своите финансиски способности. Не сакаат да се истакнуваат и да зборуваат за нивниот гламурозен живот или да излегуваат надвор, а претпочитаат да бидат дома, да одат на риболов или да одат на семејни патувања полни со разни авантури.
Од друга страна, семејството кога ќе се разбуди наутро знае со приватен авион да оди во Париз, Дизниленд, особено затоа што тие можат да си го дозволат тоа, но како што посочува парот, прво е среќата на децата.
Дел од нивниот живот можете да следите на социјалните мрежи, каде што се воопшто не кријат колкку се среќни и вљубени.
Сега е многу појасно зошто медиумите манекенката ја нарекуваат „Модерна Пепелашка“.