Дуелот меѓу Србинот и Шпанецот беше финале пред финалето во Мелбурн. Имаше фантастични поени, надмудрувања, малку драма – и на крајот славеше десеткратниот шампион.
Несомнено е дека поразот тешко му падна на Алкараз, кој се надеваше дека годинава ќе може да го заокружи Грен слемот во кариерата, а по титулите на Вимблдон, Ролан Гарос и УС Опен да триумфира и во Австралија.
Сепак, ден по натпреварот тој со порака на социјалните мрежи покажа зошто е еден од најомилените играчи.
„Се борев до крај, но тоа не беше судено. Честитки, Новак, за победата во големата борба вчера! Се гледаме следната година, Мелбурн. Ви благодариме на сите за поддршката.
Карлос Алкараз“
View this post on Instagram
Дека почитувањето помеѓу Ѓоковиќ и Алкараз е взаемна, српскиот тенисер покажа со изјава веднаш по мечот.
View this post on Instagram
„Сакам да го изразам моето восхитување кон Карлос, за сето она за што се залага и за она што го постигна досега во кариерата“. Тој е одлично момче и уште подобар натпреварувач. Најмладиот број 1 во светот, има три Грен Слема, и сигурен сум дека ќе го гледаме уште долго… Можеби не толку колку што сакам, но сигурно ќе биде тука подолго од мене. Посакувам овој натпревар денес да биде финале, искрено. Ова е еден од најепските натпревари што сум ги одиграл на овој терен, на кој било терен.
Новак Ѓоковиќ“
Ѓоковиќ во полуфиналето ќе игра против Александар Зверев. Тој натпревар е закажан за петок.
Фото: Принтскрин/Instagram