(ФОТО) Мистериозно суштество испливало на плажа и многумина збунило – знаете ли вие што е тоа?


Розово морско суштество ги оставило локалните жители во сомнеж, откако се појавило на плажа во Јужна Каролина.
Суштеството било пронајдено на Фоли Бич од Александар Илг од Чарлтон, а фотографиите ги објавил на Фејсбук, каде побарал помош во идентификување на животното. “Дали некој знае што е ова?”, прашал тој со  две фотографии што ги објави на групата „Фејсбук“ –  I love Folly Beach SC..

„Морски вонземјанин“, се шегувале луѓето во коментарите, при што некои стигнале дотаму што пишуваат дека станува збор за исечен дел од човечкото тело. Но, многу брзо се заклучило дека потеклото на животното е многу помалку егзотично отколку што се чини на почетокот.
Многумина веруваат дека станува збор за суштество од видот tunicate( наметка), кое ги населува сите мориња и живее од плитко до длабочина од неколку илјади метри. Тие живеат прикачени на морското дно или друга подлога.

Тие не се невообичаени во водите на Јужна Каролина, но ретко се гледаат на плажа, што предизвикало големо внимание. Инаку, тие доаѓаат и во други бои, кои вклучуваат црвена, зелена и црна боја. Може да се најдат во океанските води од поларните до тропските предели, но и покрај тоа луѓето сè уште бегаат кога ќе ги видат.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Споделила видео – Кога Чола ти пее под прозорецот: Оперската пејачка била воодушевена, мислела дека халуцинира

Оперската пејачка Тамара Раѓеновиќ на TikTok сподели интересна сцена што ја доживеала по пробата за …