(ФОТО) Мишел Обама изнела ШОКАНТНИ ДЕТАЛИ од приватниот живот: „Моите ќерки се зачнати со вонтелесно оплодување!“

Нејзината автобиографска книга треба наскоро да биде објавена…
Бившата американска прва дама, Мишел Обама, открила дека пред 20. години имала спонтан абортус и дека таа и бившиот американски претседател, Барак Обама, своите две ќерки ги зачнале со вонтелесно оплодување.


Мишел Обама (54) во својата мемоарска книга „Becoming”, која наскоро треба да излезе, опишала како парот се борел со неплодност. Дел од книгата е посветен на почетокот на врската и бракот со Барак и нејзиниот пат до мајчинството.
„Се покажа дека иако станува збор за двајца луѓе кои сакаат да станат родители, гаат длабока љубов и имаат исклучителна работна етика, не можат да зачнат дете“, напишала Мишел во книгата.


Кога Мишел конечно останала бремена, неколку недели подоцна имала спонтан абортус.
„Се чувствував изгубено и осамено и имав чувство како да сум потфрлила бидејќи не знаев колку се често спонтаните абортуси бидејќи не разговараме за нив“, рекла бившата прва дама во интервју за тв мрежата ABC, чии делови се емитувани во петокот.


Во продолжувањето на книгата открила дека третманите против неплодност и овозможиле да го зачне своето прво дете Малија, а потоа и другата ќерка Саша.
„Биолошкиот часовник е стварен“, рекла Мишел. Кога влегла во доцните триесетти години таа и нејзиниот сопруг се одлучиле за вонтелесно оплодување.

„Мислам дека најлоша работа која ние жените си ја правима една на друга е тоа што не ја делиме вистината за своите тела и како тие функционираат и како не функционираат“, рекла Мишел.
Мемоарите на Мишел Обама треба да бидат објавени во вторник. Целиот разговор со новинарката Робин Робертс ќе биде емитуван во недела навечер на ABC.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Премиера на детскиот филм „Луси гангстерката“

Денес, со почеток во 16:00 часот во Центарот за култура „Кочо Рацин“ во Кичево премиерно …