(ФОТО) Меган Маркле откриена во креации на Тони Матичевски


Oткако врската со принцот Хари стана официјална, актерката Меган Маркл не престанува да биде во фокусот на вниманието.А, со самото тоа се „претура“ по се’ што досега направила, на секое поле.
Вниманието, овој пат го привлече со креациите на познатиот австралиски дизајнер со македонско потекло, Тони Матичевски. Се работи за бело здолниште од колекцијата пролет 2016 година, а во кое се појавува на насловната страна на декемвриското издание на францускиот „Ел“.

Она што го привлече вниманието на странските медиуми пак, е тоа што на фотографијата пегите на лицето на Меган воопшто ги нема. Актерката претходно за магазинот „Алур“, изјавила како медиумите често ја избелуваат, што и пречи бидејќи таа не се срами од своето афроамериканско потекло.
Уште поинтересно е што фотографијата од насловната, како и дел од оние внатре се од едиторијал направен со Меган, првично објавен во 2015 година за „Gritty Pretty Magazine“, а потоа дел се искористени и за јунското издание на мексиканскиот „Венити Фер“ .
Со оглед на тоа дека Франција донесе закон против фотошопирање на фотографии, овој чекор на „Ел“ се покажа како не многу добар.
Погледнете:


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) НОВИТЕ ФОТОГРАФИИ ОД КЕЈТ И ВИЛИЈАМ ГО УРНАА ИНТЕРНЕТ – „Каква убавина и моќ“, НА ОВА МЕСТО прославија 14 години брак: Принцезата во ТЕСНИ ФАРМЕРКИ И ПРЕКРАСНА ЈАКНА стилизирана за десет

– Кејт Мидлтон и принцот Вилијам се огласија по повод 14-годишнината од бракот – Целиот …