(ФОТО) Меган Маркл предизвикала бес кај фановите:„ТИ НЕ ЗНАЕШ ДА ГО НОСИШ СВОЕТО ДЕТЕ!“

Во последно време на славните мајки не им е ниту малку лесно, а секој нивен чекор често се следи со коментари на следбениците на социјалните мрежи.
Војвотката Меган Маркл (37) двомесечното синче Арчи го повела во јавна прошетка за да го гледаат хуманитарниот поло натпревар на кој играл и принцот Хари (34), а фотографиите сликани во таа пригода многу ги налутиле критичарките на Меган.


„Леле, па таа не знае да го држи ниту сопственото дете како што треба“, „Детето ќе ти испадне“, и „Срамота уште да не ги научиш основите“, се само некои од нападите на Меган откако фотографиите се појавиле во јавност.



Во последно време на славните мајки не им е ниту малку лесно, а секој нивен чекор често се следи со коментари на следбениците на социјалните мрежи кои како едвај да чекаат да видат погрешен чекор.



Инаку, ова му било прво јавно излегување на Арчи после крштевката во саботата, а Меган не ја симнувала насмевката од лицето додека го држела. Војвотката од Сасекс дошла со Кејт Мидлтон (37) и децата да ги гледаат принцевите Вилијам (37) и Хари.


Вилијам и Хари играле еден против друг на натпреварот организиран во чест на челникот на фудбалскиот клуб „Лестер“, Кун Викаи Сриваданпарабу, кој кон крајот на минатата година настарадал во пад на хелихоптер.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на романот „Победникот беше таа“ од Викторија Костадиновска

Вечерва во Збор Книжарница-кафе во Скопје, со почеток во 19:00 часот, ќе биде промовиран првиот …