(ФОТО) Меган Маркл открила шокантни семејни детали во писмо до кралот Чарлс

Пред две години Меган Маркл му напишала писмо на британскиот крал Чарлс во кое изразила загриженост за „несвесната пристрасност“ во кралското СЕМЕЈСТВО пишува Telegraph.
Несвесната пристрасност спомната од Меган во писмото, а подоцна и во интервју со Опра Винфри, се однесува на дискусиите во кралското семејство за бојата на кожата на нејзиниот син Арчи. Во писмото Меган го спомнала и името на лицето кое ја коментирало кожата на бебето, а писмото наводно било испратено по интервјуто со Опра.

– Да, имаше преписка, имаше писма од војвотката од Сасекс до кралот. Но, тоа беше пред две години, нема врска со нејзината одлука да не дојде на крунисувањето, нагласил изворот.
На Telegraph му било кажано дека и кралот Чарлс и Маркл „се согласиле дека забелешката на поединецот не била направена со злонамерна намера“.



За време на интервјуто со Опра, Маркл рече дека имало „неколку разговори“ меѓу неименуван член на кралското семејство и војводата за тоа како ќе изгледа нивниот нероден син. Две години подоцна, принцот Хари изјави дека не рекле дека се работи за расизам, туку дека приказната била претерана од британските медиуми.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

МАКЕДОНЕЦОТ ВИКТОР НАСТЕСКИ ОСТАНА БЕЗ РАБОТА НА БРОДСКА КОМПАНИЈА ПОРАДИ ПАСОШОТ!

Штетите од хаосот со личните исправи на македонските државјани, предизвикани од предавството на марионетската влада …