МЕГАН МАРКЛ изгледала уништено на денешниот погреб на кралицата Елизабета Втора.
Гледајќи како го носат ковчегот на кралицата од Вестминстерската опатија, Меган Маркл пуштила солза, која потоа ја избришала, а моментот го снимиле фотографите. Исто како принцот Едвард, кој седел пред неа, Меган не можела да ги задржи солзите за време на трогателната церемонија што ја следеа милиони ширум светот.
И додека Едвард прво ги бришел солзите со марамче, а потоа и со бели ракавици, војвотката од Сасекс се обидувала да го направи тоа незабележливо, бришејќи ги со прстите од црните ракавици. И покрај шеширот со широк обод, со кој се обидела тоа да го сокрие, Меган не можела да ги избегне фотографите.
View this post on Instagram
Во своето интервју со Опра Винфри во 2021 година, војвотката објасни дека има позитивен однос со кралицата.
„Кралицата, на пример, отсекогаш ми била прекрасна. Мислам, имавме еден од нашите први ангажмани заедно. Таа ме замоли да и се придружам. Појадувавме заедно тоа утро и таа ми даде прекрасен подарок, а јас навистина сакав да бидам во нејзино друштво… Таа ми подари прекрасни бисерни обетки и соодветен ѓердан“, рекла Меган тогаш.
Фото: Принтскрин/Instagram