(ФОТО) МАРЛЕНЕ СКИАПА – Француската министерка на удар бидејќи позирала за „Плејбој“

Марлене Скиапа, француската министерка за социјална политика, е на удар на критики поради позирање за насловната страница на магазинот „Плејбој“.
Таа била фотографирана во бел фустан кој го истакнал нејзиното деколте. Таа дала опширно интервју во кое зборувала за правата на жените и ЛГБТ заедницата. Нејзиното појавување во споменатиот магазин предизвикала критики од нејзините колеги, меѓу кои и премиерката Елизабет Борн.
„Тоа не е соодветно, особено во овој период“, рекла таа, мислејќи на актуелните немири во Франција поради притисокот на Емануел Макрон за воведување пензиски реформи.

This image has an empty alt attribute; its file name is marlene-shappa-za-plejboj.jpg


Министерката Марлене се огласила на Твитер и одговорила на критиките.


„Жените треба да имаат право да ги контролираат своите тела. Секаде и цело време. Во Франција жените се слободни. Со должна почит кон клеветниците и лицемерите“, напишала таа.
Некои колеги решиле да и дадат поддршка, а меѓу нив е и министерот за внатрешни работи Џералд Дарманин.
„Сакам да кажам дека Марлене Скиапа е храбра политичарка. Таа има карактер и стил. Не мора да се согласувам со неа, но ја почитувам“, рекол тој.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …