(ФОТО) МАЈКА го расплакала Фејсбук со фотографија на торби за ужина на гробот на своите три деца

СКРШЕНАТА мајка Џенифер Невил-Лејк е авторка на нај шокантната фотографија што ќе ја видите денес. Џенифер ги изгубила сите свои деца кога биле убиени од пијан возач, кој не застанал на знакот СТОП.
Даниел. Хари и Мили таа 2015. година не го дочекале почетокот на учебната година и сите тројца загинале. Нивната мајка на првиот училишен ден на гробот ги донела нивните торби за ужина и балони, а сцената навистина топи срца.

Сите што ја виделе сликата на Фејсбук биле длабоко потресени, а многумина признале дека и тие плачеле.
“Осмо, четврто и второ одделение. Односно, требаше да бидат. Овие беа нивните торби за ручек за нивната учебна 2015. година. Вака изгледа првиот ден на училиште во нашето семејство, поради пијан возач”, напишала Џенифер, скршената мајка.

Џенифер често објавува фотографии од своите деца и не може да се помири со тоа дека сите ги загубила.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Мила Србиноска гордо го вее македонското знаме на Европското првенство во хип хоп по освоениот бронзен медал

Вчера (23.06.2024) започна Европското првенство во хип хоп во Жнин, Полска – „HIP HOP BATTLE …