(ФОТО) Лузна на носталгија – Балканците ја споделија фотографијата на Меланија Трамп поради еден детал: „Печат на Југославија“

Балканците на социјалните мрежи споделуваат фотографија од инаугуративниот бал, на која се гледа како Меланија и Доналд Трамп танцуваат, а сето тоа поради деталот на раката на првата дама.
Имено, на раката на Меланија има лузна која го привлекла вниманието на луѓето во регионот. Ова е лузна која ја имаат повеќето луѓе родени во поранешна Југославија пред крајот на 80-тите години, а е предизвикана од вакцина.

Додека жителите на некои други земји како Германија, Италија, Шпанија, Франција и Велика Британија немаат такви лузни, тие се нормални кај нас и во соседните земји: Хрватска, Србија, Црна Гора, но и Босна и Херцеговина и Словенија.


Лузната од вакцината BCG (Bacillus Calmette-Guérin) е вообичаен препознатлив знак кај луѓето родени во земјите од поранешна Југославија.
Овој „Печат на Југославија“ предизвика лавина реакции на социјалните мрежи, каде корисниците коментираа и искажуваа носталгични референци за минатото.
Покрај фотографијата на Меланија и Доналд Трамп од инаугуративниот бал има коментари како: „Недостасува уште сидрото и ЈНА“, „Made in Yugoslavia“, „Pelcovana“, „Квалитет што се препознава“, „Титовиот чип“, но и „Доказ дека е листод нашата шума“.


Фото: Принтскрин/X

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Се викам храброст“ – ново енциклопедиско издание посветено на 50 исклучителни жени од нашата земја

Новото енциклопедиско издание „Се викам храброст“ со 50 инспиративни приказни од животот на македонските хероини, …