(ФОТО) Лепа Брена изненадила со настап 18 дена по повредата, ногата ја држела на картонска кутија

Лепа Брена синоќа ја изненадила јавноста со настап на прослава во Белград, само 18 дена откако ја скршила ногата и итно била оперирана.
На настапот таа се појавила во син фустан со светки, но седела на стол, а повредената нога ја држела на картонска кутија.
Нејзиното доаѓање на настапот дефинитивно ги изненадило присутните, а со овој потег потврдила колку е посветена на својата работа. Покрај Брена, на оваа манифестација пеел и Здравко Чолиќ.


Иако лекарите ја советувале да се одмори по операцијата, таа не планира да паузира од работа. Нејзиниот син Виктор Живојиновиќ вчера споделил видео на Инстаграм во кое ја покажува легендарната пејачка како вежба на песната „The Show Must Go On“ на Queen.
Покрај синоќешната прослава, Брена наскоро ќе настапи и за новогодишната ноќ во Сава центар во Белград. Освен неа, присутните ќе ги забавува и Ацо Пејовиќ.


Потсетуваме, Лепа Брена го скрши скочниот зглоб пред нешто повеќе од две недели на концерт во Арена Загреб. Несреќата се случила на третиот од вкупно петте концерти во Загреб, па преостанатите два морале да бидат одложени.

Фото: Принтскрин/Instagram


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Во Велес почнува Театарскиот фестивал „5РЕ“ посветен на доајенот Петре Прличко

Денес, токму на Светскиот ден на театарот 27 март, започнува четвртото издание на фестивалот посветен …