(ФОТО) Леонардо ди Каприо го прославил 50-тиот роденден: Имал 500 гости и се’ се чувало во строга тајност

Познатиот актер Леонардо ди Каприо денеска го слави својот 50-ти роденден! Сепак, актерот одлучил големиот јубилеј да го прослави два дена порано, во сабота на својот имот во Лос Анџелес, пишува People.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)


Лео ги собрал најголемите светски ѕвезди, бројни пријатели, продуценти и режисери, а според Page Six, имало преку 500 гости. Присуствувале Бред Пит, Тоби Мегваер, Робин Тик и Ејприл Лав Гири, Џејми Фокс, Бил Махер, Парис Хилтон, Кара Делевињ, Крис Рок, Кевин Коноли и Тод Филипс и многу други. Меѓу гостите биле и неговите родители.



Бидејќи сè се чувало во тајност, на гостите им биле дадени налепници кои морале да ги залепат преку телефоните со камера.

Според изворот, Лео „прво имал вечера со семејството и пријателите, а потоа имало голема забава“. Инсајдерот додава дека ѕвездата била пријателски расположена, наведувајќи:
– Беше неверојатно среќен и ги прегрна сите свои гости. Лео беше буден цела ноќ.

Што се однесува до гостите кои присуствуваа на роденденската прослава, извор вели дека Пит (60) „цела ноќ бил во дворот на забавата и расположен“, пристигнувајќи со девојката Инес де Рамон.


Во интервјуто со Крис Конели кое се емитуваше на Good Morning America минатиот ноември, Леонардо му кажал на Конели што сака да постигне пред да наполни 50 години.
– Знаеш што? Само уште еден филм – изјавил актерот, навестувајќи дека се надева дека ќе се врати пред камерите за уште една улога.

Фото: zena.blic.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

За нив започнува фаза на среќа и благосостојба: Декември ќе им донесе среќа на ОВИЕ знаци од Зодијакот

*Хороскопските препораки и совети не треба да се сфаќаат особено сериозно, а за сите индикации …