(ФОТО) Лана Радељак – Ќерката на Ена Беговиќ првпат проговорила за починатата мајка: „Го чувствувам нејзиното присуство“


Лана Радељак, ќерката на актерката Ена Беговиќ и претприемачот Јосип Радељак, досега деталите за својот живот ги чувала подалеку од очите на јавноста. Но, сега одлучила за прв пат да проговори за својата покојна мајка.
Ена загина во сообраќајна несреќа што се случи на Брач. Во автомобилот, покрај Ена, биле и нејзиниот сопруг Јосип Радељак, нивната ќерка Лана, која тогаш имала само 40 дена, мајката на Ена, Тереза, ​​и Лео, синот на Јосип од првиот брак.

Лео имал проблеми со возењето на угорницата, па ја запрел колата за Јосип да седне зад воланот. Меѓутоа, автомобилот почнал да се лизга по удолницата набргу откако излегле да ги сменат седиштата. Ена испаднала од возилото и се здобила со тешки повреди на главата и кичмата, по што починала.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Lana Radeljak (@radeljaklana)


Во интервју за Story.hr, Лана изјавила дека и е голем комплимент секој пат кога некој ќе и каже дека ја гледаат како „копија“ на Ена, но и дека тоа носи одредена тежина.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Radeljak (@radeljaklana)

„За жал, денес не е со нас, но го чувствувам нејзиното присуство и се надевам дека ќе се гордее со мене. Се трудам да дознаам што е можно повеќе за неа од приказните на нејзините познаници и пријатели. Неверојатно е колку луѓе што ги среќавам имаат убави спомени и искуства поврзани со неа. Често ми се случува родителите на моите пријателки да спомнат дека ја познавале и секогаш е фасцинантно да се слушаат нивните впечатоци и сеќавања. Тие мали приказни и детали ми создаваат појасна слика за тоа каква личност била и секоја од овие приказни ми значи многу“, изјавила таа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lana Radeljak (@radeljaklana)

Таа исто така навела и дека нејзината баба Тереза ​​Беговиќ била најзаслужна што сознала каква била нејзината мајка.
„Таа навистина се трудеше на некој начин да ја вклучам во моето воспитување што е можно повеќе. Сè што ми кажа досега, секој детал што сум го слушнала, ми помогна да разберам каква личност била – неверојатна, талентирана и сакана од сите околу неа. Иако не можам да ги заменам спомените што би ги имала кога би била тука, чувството дека сум дел дел од неа и што луѓето ме споредуваат со неа ми дава некој вид на мир и снага“, рекјла таа.

Фото: Принтскрин/ Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

(ВИДЕО+ФОТО) Долг список на гости – Папата Лав ги собрал филмските работници во Ватикан

Папата Лав се сретнал со холивудските актери и филмски работници во Ватикан оваа сабота за …