Сега британските медиуми пишуваат дека откако Скоби ја објавил својата книга, принцезата од Велс стапила во контакт со Меган Маркл…
Врската помеѓу Кејт Мидлтон, принцезата од Велс и сопруга на принцот Вилијам и Меган Маркл, војвотката од Сасекс и избраничка на принцот Хари, со години е тема во светските медиуми.
Јасно беше дека не се сакаат и дека многу си замеруваат. Кејт ја обвинила Меган што ноншалантно навлегла во целата приказна и мислела дека сето тоа е шега и забава, а Меган ја обвинила Кејт што „не и се нашла“.
Како што сега пренесува „Mirror“, Кејт Мидлтон наводно повторно и се јавила на Меган.
Се верува дека принцезата од Велс го упатила повикот за „смирување на тензиите“ откако Омид Скоби, новинар за кој се шпекулира дека е близок со Меган Маркл, ја објавил биографијата „Крај на играта“ („Endgame”).
Војвотката од Сасекс во интервју со Опра Винфри во 2021 година тврдеше дека некој од семејството за време на нејзината бременост се грижел за тоа каква боја ќе има кожата на нејзиниот син Арчи, со оглед на тоа што таа има афро-американско потекло, а Скоби се’ повторува неговата книга.
View this post on Instagram
Подоцна, медиумите објавија дека биографијата била повлечена од продажба во Холандија бидејќи Кејт Мидлтон и кралот Чарлс биле именувани како „кралски расисти“, што не било планирано и во книгата не биле споменати имињата на луѓето кои наводно се грижеле за бојата на кожата на момчето.
Сега британските медиуми пишуваат дека откако Скоби ја објавил својата книга, принцезата од Велс стапила во контакт со Маркл.
„Набргу откако се појавија наводите од книгата, Кејт ја повика Меган да ги расчисти работите“, изјавил извор близок до семејството за „In Touch Weekly“, додавајќи дека кралот Чарлс побарал од снаата да и се јави на сопругата на Хари.
– Чарлс ја принуди Кејт да стане миротворец откако Вилијам одбил.
Фото: Принтскрин/Instagram