Корисник на Reddit ја споделил фотографијата и ги прашал другите корисници дали можат да забележат портокалова мачка во неа.
Оваа задача не е лесна и веројатно ќе ви треба малку време да ја пронајдете, но доколку сте сопственик на мачка, веднаш ќе знаете што прво да барате.
Мачката лежи во една од хартиените кеси. Главата и е испакната, а таа гледа директно во камерата.
Следеа коментари на Reddit, при што многумина изјавија како оваа „загатка“ ги мачела. Се разбира, сопствениците на мачки бргу успеале.
„Гледав во фотографијата цел час. Речиси е невозможно да се најде мачката“, „Мачките се мајстори за криење“, „Ја најдов во секунда затоа што и јас имам мачка“, се дел од коментарите.
Еден корисник на Reddit споделил совет доколку имате проблем да најдете нешто на фотографија.
„Кога се сомневате, само зумирајте на средината на фотографијата. Во повеќето случаи, ова значително ќе ви помогне да сфатите што е тоа“, напишал тој.
Фото: Reddit