Интересот за Новак Ѓоковиќ, професионално и приватно, никогаш не се намалува, без оглед дали победува или губи на тениските терени. Но, после успешната година во која успеа да ја преброди долгогодишната повреда со лактот и враќањето на првото место на АТП листата, српскиот тенисер е повторно мега популарен и интересен.
По завршувањето на сезоната со Завршниот турнир во Лондон, тој и сопругата како и децата Стефан и Тара се упатија на заслужен одмор…Новак да ги „наполни батериите“, како и да се смират од сите случувања на професионален (враќањето на вистински начин на тениските терени) и приватен план (киднапирањето на дедото на Јелена).
И’, што е уште почудно за оваа таинствена двојка тие почнаа да објавуваат фотки од одморот.
По онаа „љубовна“ на Јелена сега Новак објави една „како за дружба“ но која наиде на голем одзив кај неговите фанови…
„На нашето среќно место. Заедно. Водата, сонцето, природата, волшебната енергија…едноставно најдобро“, ја коментираше Ноле фотографијата…
Новак ужива во сонцето…
„Сонцето бакнува“ напиша првиот тенисер на светот.
Но, не престануваат ниту „негативните критики“ на сметка на Јелена , особено откако објавила две фотки во костум за капење.
И’, додека едни им посакуваат се’ најдобро, други ја критикуваат Јелена дека, сега кога ја виделе во костум за капење, и забележуваат дека е премногу слаба…
Но, луѓето се тука и да коментираат, секој со свои сфаќања…
За вкусовите и ставовите никогаш не треба да се коментира, но факт е дека Новак и Јелена се една прекрасна спојка…Тоа може да се види и од нивните фотографии од свадба на еден пријател снимени кон крајот на октомври…