(ФОТО) Кога ќе видите како Сталоне се подготвува за новиот Рамбо нема да верувате дека има 72. години

Уште во мај оваа година, Силвестер Сталоне ги изненадил фановите најавувајќи дека излегува петтото продолжување од култниот серијал „Рамбо“.
Филмот во кината би требало да се појави следната година, а Сталоне внимателно се подготвува за оваа физички предизвикувачка улога.
На Инстаграм, со своите обожаватели тој споделил фотографија од теретана, и тешко е да се поверува дека влегол во осмата деценија живот.


“Сите оние познати кои зборуваат за тоа дека многу работат, стануваат рано и се жртвуваат. Ајде, ве молам, дами и господа, тоа е голема привилегија”, напишал актерот под фотографијата.
Неговите обожаватели биле воодушевени од виденото, а во нивните коментари оставиле многу комплименти и пораки за поддршка.
Инаку, „Рамбо 5“ доаѓа дури десет години после последното продочжување од овој серијал.

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Од 12-ти до 14-ти декември по 9-ти пат ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „ Winter Apricots“

Во Прилеп, од 12-ти до 14-ти декември ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Winter Apricots“. …