(ФОТО) КЛУНИЕВИ „ГО ФРЛИЛЕ“ ЊУЈОРК НА НОЗЕ: Направиле СПЕКТАКЛ што ги запрел сите – а потоа ЈАВНО ПРОЗБОРУВАЛЕ

Џорџ и Амал Клуни вчера беа домаќини на галата „The Albies“ во Њујорк. Настанот го организирал нивната фондација („Clooney Foundation for Justice”),(„Клуни Фондација за правда“), која секоја година доделува награди на најистакнатите бранители на правдата. Имало многу званици од шоу-бизнисот, а брачната двојка била совршено ускладена.

Амал Клуни воодушевила во долг, црн, плишан фустан од Версаче, а на забавата присуствувала и Донатела Версаче.


                                                                     Амал и Џорџ Клуни


Модното издание на волшебната адвокатка зрачело со гламур и врвна елеганција. Г-ѓа Клуни најчесто се облекува на овој начин и нејзиниот стил неодоливо потсетува на дивите на стариот Холивуд. Раскошната фризура во знакот на нијансирана коса, со која ја заменила црната, долгогодишен заштитен знак, и огнениот црвен кармин ја истакнал нејзината убавина.

Џорџ Клуни и парирал во смокинг. Познатиот актер посветува многу помалку внимание на модата од неговата сопруга, но синоќа бил беспрекорен.


                                                                                                         Амал и Џорџ Клуни

Семејството Клуни блескало синоќа во Њујорк, а познатиот актер се потрудил на сите да им покаже колку е горд на својата сопруга која има блескава адвокатска кариера. Покажал и каква љубов ги спојува. Додека влегувале на свечениот настан, тој ја фатил Амал за половината и ја држел некое време додека блицеви блескале околу нив.

                                                                                                               Амал Клуни

Подоцна Клуниеви се обратиле а актерот рекол: „Би поддржал сè во што е вклучена мојата сопруга. Таа е секогаш на вистинската страна на историјата и секогаш сум горд што сум во иста просторија со неа, а ова е настан каде што целото наше внимание го насочуваме кон луѓето на кои вообичаено не им се обрнува толку внимание“.

Џорџ Клуни е пофален на Инстаграм дека е ТОЛКУ ГОРД СО УСПЕХИТЕ НА СВОЈАТА СОПРУГА.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Амал возвратила: „Тој е неверојатен и многу ми значи што можеме да работиме заедно на овој проект и дека Џорџ може да помогне да се оживеат некои од приказните што ги истакнуваме вечерва“.

Џорџ Клуни се пошегувал: „Во моментов и давам пари, не се гледа, веднаш зад нејзиниот грб“.

                                                                                    Шарлот Тибури, Амал Клуни и Емили Блант

Славниот пар денеска слави 10 години брак. „Вечерва ја носам некаде, но таа не знае каде“, рекол актерот.

Амал и Џорџ Клуни се венчаа во Венеција, ги имаат близнаците Ела и Александар, а и покрај гласините дека се разведуваат, живеат вистинска бајка, барем така делува.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Угледен лекар открива зеленчук кој спречува акумулација на наслаги во крвните садови

Исхраната игра клучна улога во одржувањето на здравјето на срцето. Затоа, важно е да изберете …