(ФОТО) КИМ КАРДАШИЈАН И КАНЈЕ ВЕСТ СЕ РАЗВЕДУВААТ! Крај на бракот на најмоќниот пар во шоу бизнисот после 6. години а причини има МНОГУ!

Веста за дефинитивниот развод на Ким Кардашијан и Канје Вест се прошири низ целата планета. Овој брак, кој главно се сметаше за хармоничен во изминатите шест години, доживеа многу турбуленции во текот на изминатата година, а резултатот е – развод на самиот почеток на 2021. година. Општо, судејќи според турбуленциите што се случија во изминатата година, се чини дека предизвикувачи за распад на бракот на Ким Кардашијан и Канје Вест се карантин и политика, односно кандидатура на раперот на претседателските избори. Значи, да почнеме од почеток.
Ким и Канје се венчаа во мај 2014. година. Венчаницата на ријалити sвездата и најпознатата старлета на светот наводно чинела два милиони долари, а свадбата 11., а тоа било само делот за кој наводно „се испрсиле“ младенците, додека остатокот го платил „Е!“, телевизијата која го снимала целиот настан.

Бракот на старлетата со раперот и е трет по ред. Пред Канје, Ким беше во брак со музичкиот продуцент Дејмон Томас, а познато е дека нејзиниот втор брак со кошаркарот Крис Хамфрис траеше само 72 дена.
Ким и Канје родија четири деца, а Ким роди две, додека другите две беа родени од сурогат мајка.


Од подобриот дел од овој брак, преминуваме на скандали.

Последната во низата се денешните вести дека Ким ангажирала адвокат за развод и тоа истата личност која ги застапувала Анџелина Џоли, Хајди Клум, па дури и неа лично, кога се развела од Крис Хамфрис.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Ким Кардашијан и Канје Вест, по шпекулациите за разводот на најмоќната двојка во светот на шоу-бизнисот – наводно сега одлучиле да стават крај на бракот, пренесуваат американските медиуми.
“Ким има свои работи и проекти кои и се важни, а Канје свои. Нивниот живот не се поклопува многу”, рекол извор за People.
Парот сè уште е во формален брак, но исто така и „и дека живеат одвоени животи“, како што тврди извор близок до семејството.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Менаџерот за односи со јавност на познатата старлета немал коментар за овие тврдења кои ги добиле новинарите на списанието „People“, додека претставникот на 43-годишниот рапер не одговорил на повикот.
“Ким делува среќно и е многу фокусирана на работата. Таа цврсто верува дека може да направи разлика кога станува збор за реформа во затворот. Тоа е нејзината страст. Семејството е гордо на неа”, продолжил изворот алудирајќи на фактот дека атрактивната бринета студира за адвокат и дека оваа недела таа јавно го охрабрила Доналд Трамп да ја намали казната за Брендон Бернард.
Инаку, ова лето парот имаше бурна врска – музичарот на Твитер тврдел дека Ким сакала да го абортира првото дете, по што таа објавила отворено писмо до јавноста во кое потврдила дека нејзиниот сопруг страда од биполарно пореметување.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

“Како што многумина од вас знаат, Канје има биполарно пореметување. Секој што страда од оваа болест или нивниот близок страда, знае колку е болно и комплицирано да се разбере. Никогаш не сум зборувала јавно за тоа како тоа ни влијаеше дома, бидејќи сум многу заштитнички настроена кон нашите деца и Канје и имаат право на приватност кога станува збор за неговото здравје. Но, денес чувствувам дека треба да го коментирам тоа заради стигмата и заблудата за менталното здравје. Оние кои ги разбираат менталните нарушувања или дури и компулсивното однесување знаат дека семејството е немоќно ако членот не е малолетник“, напишала таа меѓу другото.
Да потсетиме, Ким и Канје се во брак од 2014. година и имаат четири заеднички деца.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Kardashian West (@kimkardashian)

Фото: instagram.com/kimkardashian/

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

‘GOKO’ го издаде својот нов албум

Гордон има 29 години и се бави со продукција на електронска музика повеќе од 10 …