(ФОТО) Кијану Ривс е 31 година во брак со позната актерка?

Холивудскиот актер Киану Ривс во интервју за Esquire признал дека можеби е формално во брак со актерката Винона Рајдер и тоа веќе 31 година.
Целата ситуација се одвивала на снимањето на филмот „Дракула“ на Брам Стокер, во далечната 1992 година. Ривс тврди дека режисерот на филмот, Френсис Форд Копола, ја направил свадбената сцена уверлива на филм, која дури имала и вистински свештеници.

This image has an empty alt attribute; its file name is kijanu-rivs.jpg
„Ја направивме целата свадбена церемонија пред камера, а таму беа присутни вистински свештеници. Винона рече да, Копола го потврди тоа. Па, на крајот на краиштата изгледа како да сме во брак во Божји очи”, изјавил Ривс за Esquire.


This image has an empty alt attribute; its file name is drakula-i-kijanu-i-vinona.jpg

Винона Рајдер потврдила
Инаку, Ривс не е првиот кој го коментира овој настан од снимањето на „Дракула“. Рајдер исто така зборувала за тоа во 2018 година.
„Да, ние всушност се венчавме на снимањето на ‘Дракула’. ​​Се колнам, мислам дека сме венчани во реалниот живот. Копола ангажираше свештеници во таа сцена. Ја направивме целата церемонија и мислам дека сме во брак”, изјавила Винона во една пригода за Entertainment.
Актерите исто така признале дека своевремено имале заеднички љубовни интереси. Сепак, нивната врска никогаш не прераснала во ништо повеќе од пријателска.


 

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

 


A post shared by Winona Ryder (@winonaryderofficial)

Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Беседа за проф. Ленка Гогоска (1940-2024)

Во организација на Сојузот на просветни работници на Македонија и семејството, Во Домот на културата …