(ФОТО) Ќерката на Викторија Бекам се повеќе личи на мајка си: Има само 13 години, а веќе е во облеката на нејзината мајка

Со само 13 години, Харпер Севен Бекам има исклучителен вкус и се’ повеќе личи на нејзината мајка.
Тринаесетгодишното девојче присуствувало на ревијата на нејзината мајка Викторија Бекам во Париз, а публиката ја воодушевила во прекрасен розов фустан. Фустанот е од линијата за возрасни на нејзината мајка, но Харпер многу сака да ја поддржи нејзината мајка, па сè повеќе ја гледаме во облека направена од нејзината мајка.
Таа била придружувана од нејзиниот татко Дејвид Бекам кој заштитнички ја држел околу половината и нејзиниот постар брат Круз Бекам.
Харпер го спои розовиот „слип фустан“ со соодветна чанта и бели апостолки со потпетици. Ја пуштила косата и имала малку неутрална шминка на лицето.


Дејвид облекол темно сино одело кое го споил со сина вратоврска и црни чевли и како и секогаш бил многу елегантен, додека Круз се одлучил за малку поурбан изглед.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by David Beckham (@davidbeckham)


Пред да замине на ревијата, Дејвид споделил семејна фотографија, а како што вели, патот до неа не бил лесен:
– На пат кон ревијата на мајка ми, обидот да се фотографирам беше малку предизвик. Тато, пред да го објавиш, сите треба да одобриме“.

Фото: magazin.novosti.rs

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

„Професорите садат” – продолжува традицијата за збогатување на дендропаркот на Факултетот за шумарски науки, пејзажна архитектура и екоинженеринг „Ханс Ем” во Скопје

Во текот на вчерашниот ден се изведе дополнување на дендропаркот во Скопје со нови видови …