(ФОТО) Ќерката на Том Круз го прослави КРАЈОТ НА СРЕДНОТО ШКОЛО: Ова е доказ дека СЕ ОТКАЖАЛА ОД ТАТКОТО кој „лудува“ на другиот крај на светот

Ќерката на Кејти Холмс и Том Круз вчера го прослави завршувањето на средното образование на церемонијата на дипломирање на Менхетен.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Suri Noelle Cruise Holmes 🔵 (@suricruise_sc)


Таа беше со гордата мајка Кејти Холмс, додека нејзиниот татко, исто така, го пропушти овој важен настан во нејзиниот живот. Познатиот актер е во Лондон, каде синоќа бил во публика на концертот на Тејлор Свифт, која втора вечер пее во британската престолнина.


Сури Круз блескала од среќа на церемонијата, облечена во едноставен бел фустан и патики, кои подоцна ги заменила со шик, елегантни сандали. Нејзината мајка Кејти Холмс била облечена во спортско-шик стил.

Ќерката на Том Круз и Кејти Холмс матурирала во средното училиште ЛаГвардија. Познатиот актер го пропушти 18-от роденден на своето дете на почетокот на оваа година. Тој во тоа време бил во Лондон, па се појавил на 50-тиот роденден на Викторија Бекам.

Синоќа тој бил на концерт на кој во публика биле Хју Грант, Ештон Качер и Мила Кунис, пишува Daily mail. Тејлор Свифт ќе пее и денес во Лондон, а потоа во август кога ќе одржи серија концерти.
Оваа американска пејачка вчера позираше со принцот Вилијам и неговите деца, принцезата Шарлот и принцот Џорџ, кои го следеа нејзиниот настап, кој беше проследен на Инстаграм профилот на Кејт Мидлтон и принцот од Велс.

И’свечената церемонија на дипломирање во Њујорк, каде што се појави Сури Круз, даде доказ дека познатата наследничка се откажала од презимето на нејзиниот татко.
На списокот на матуранти, Сури е наведена како Ноел, прекарот на нејзината мајка.

Тоа е уште еден доказ дека Сури не г сака татко и во животот, а Круз не комуницира со својата ќерка цели 13 години. Како причина за тоа се наведува скиентологијата, која тој ја следи, и од која Кејти Холмс сакала да ја заштити својата ќерка.

Сури Круз, која неодамна се појави со дечко во јавноста, е родена во 2006 година во Лос Анџелес, Том Круз и Кејти Холмс се венчаа во 2006 година, а се разделија во 2012 година.

Долгогодишното отсуство на славниот актер од животот на неговата ќерка резултираше со тоа таа повеќе да не сака никаква врска со него, изјавија извори претходно оваа година, пред нејзиниот 18-ти роденден, кој Круз исто така го пропушти.

Да потсетиме, Том Круз беше во брак со Никол Кидман, со која ги посвои ќерката Изабел и синот Конор како и со Мими Роџерс. Тој е близок со посвоените деца кои наводно ја следат скиентологијата и затоа не зборуваат со нивната мајка Никол.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Објавен конкурсот за 26. Меѓународен фестивал на карикатура и афоризам

Центарот за култура од Струмица го објави конкурсот за 26. Меѓународен фестивал на карикатура и …