Ќерката на Брус Вилис, Талула, објави неколку фотографии од својот татко кој долго време не е виден во јавноста.
На фотографиите кои ги споделила со своите следбеници на социјалната мрежа Инстаграм напишала трогателна порака упатена до нејзиниот татко кој боледува од деменција.
– Еј, го сакам овој човек толку многу и чувствувањето чувства е тешка работа, но јас сум многу благодарна што сега ги оставам да протекуваат низ мене наместо да се одвојувам од него! Од вечните архиви – напиша Талула.
View this post on Instagram
На ѕвездата од филмот „Умри човек“ во 2022 година и беше дијагностицирана фронтотемпорална деменција, за што зборуваше и неговата сопруга. Фонтотемпоралната деменција е сеопфатлив термин за група мозочни нарушувања кои влијаат на фронталниот и темпоралниот лобус на мозокот. Ова значи дека делови од овие лобуси се намалуваат, предизвикувајќи проблеми со говорот, емоционални проблеми и промени на личноста.
Претходно овој месец, Талула, која Брус ја дели со поранешната сопруга Деми Мур заедно со ќерките Румер (36) и Скаут (33), за време на гостувањето во шоуто Today изјавила дека нејзиниот татко е „стабилен, што, во оваа ситуација, ‘е добро’“.
– Тешко е. Има болни денови, но има толку многу љубов. И навистина не земам ниту еден момент здраво за готово и мислам дека би биле најдобри пријатели. Мислам дека е многу горд на мене – изјавила тогаш таа.
Фото: Принтскрин/Instagram