(ФОТО) Кејт Мидлтон прошетала во здолниште од „Зара“ кое моментално чини 600. денари

ВОЈВОТКАТА од Кембриџ во еден ден успеала да воодушеви во дури две стилски изданија.
Откако со својот прв аутфит се лансирала во седумдесеттите години на минатиот век, се преслекла во црна ролка и плисирано здолниште со леопард принт кој го потпишува, верувале или не, популарниот хај-стрит бренд, „Зара“.



За да се’ биде уште подобро, здолништето е моментално на намалување и чини само 600. денари и сеуште е достапно во продажба (за Македонија не сме сигурни за висината на цената и моделот), но се верува дека сега бргу ќе се распродаде.
Стајлингот го дополнила со црни високи чизми а преку се облекла долг беж капут со војнички крој, моден класик кој секоја жена би требало да го има во својот ормар.


А, иако во 2020. година Кејт не повторила ниту еден стар аутфит, со ова ефтино здолниште најавила дека и во новата година ќе ја одржува својата репутација на штедлива војвотка.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Утревечер во Театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“ во Велес ќе биде изведена претставата „Лепа Ангелина“

Во вторник, на 18 февруари, со почеток во 20:00 часот, на сцената на велешкиот театар …