Шпанскиот фудбалер на „Лас Палмас“, Киријан Родригез (28) соопштил дека му се вратил ракот, поради што повторно е приморан да ја прекине кариерата.
Родригез веќе еднаш се соочи со најважната битка во својот живот, тоа беше во сезоната 2022/2023. кога му бил дијагностициран Хочкинов лимфом (малигно заболување на лимфоцитното ткиво).
По закрепнувањето и враќањето на терените, Родригез сега повторно треба да го помине истиот тежок период, откако на еден од последните прегледи добил лоши вести.

„Вчера ми кажаа дека ми се вратил ракот“, изјави во четвртокот капитенот на тимот од Канарските острови преку клупскиот канал на Јутјуб.
„Морам да паузирам во следните шест месеци и да поминам низ хемотерапија за да се борам со болеста“, додал тој.
Киријан Родригез оваа сезона одигра 21 натпревар за Лас Палмас. Сега фудбалот е на втор план, бидејќи пред него е нова битка за живот.
„Се надевам дека ќе ве видиме сите повторно следната сезона овде на истото место, бидејќи сум убеден дека клубот, играчите и стручниот штаб ќе останат во Ла Лига“.
Фото: Принтскрин/X/marca
ekran платформа за слободоумни