КАМЕРОН Дијаз и нејзиниот сопруг Бенџи Маден се фотографирани на ретко излегување.
Папараците ги снимиле на паркинг во Монтесито, а со нив бил и Крис Прат и неговата бремена сопруга Кетрин Шварценегер. Откако излегла од автомобилот, 51-годишната актерка го ставила својот четиримесечен син во количка.
Дијаз, судејќи по фотографиите, била многу добро расположена. Таа во еден момент се насмеала и им мавтала на папараците и ги изненадила со својот потег.
За потсетување, Камерон и Бенџи го добија своето второ дете во март оваа година. „Благословени сме и возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашиот син Кардинал Маден. Сите сме многу среќни што е тука! За безбедност и приватност на децата нема да објавуваме никакви слики, но тој е навистина сладок. Се чувствуваме така благословени и благодарни“, напишале тогаш во објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
На почетокот на 2020 година, тие го добија малото девојче Редикс, преку сурогат мајка. Двојката започна да се забавува во мај 2014 година, а се венчаа во јануари 2015 година.
Фoтo: Принтскрин/index.hr