(ФОТО) Какви се прогнозите за наредните 5. дена: Жешко или умерено топло!


Високите температури во јуни изненадија а многумина топлите денови ги искористија за летен одмор…
Еве што најавува УХМР за наредните пет дена:
Денес (среда) ЌЕ БИДЕ Сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а во западните делови умерен до засилен ветер од западен правец. Дневните температури ќе се движаст од 29. до 40. степени.УВ=9
За утре (четврток) се најавуваат повисоки температури – дневните ќе се движат од 29 до 41. степен. Инаку се најавува сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува умерен, повремено засилен ветер од западен правец. УВ=9
Во петок ќе дојде до поголема промена на температурите: Минимална температура: 12°C до 22°C. Максимална температура: 29°C до 37°C. Сончево со умерена локална облачност. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец. Попладне, особено во северните делови ќе има локална нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. УВ=8


За сабота се очекува минимална температура: 11°C до 20°C, Максимална температура: 26°C до 34°C. Сончево со умерена облачност и со умерен ветер од северозападен правец. Околу пладне ќе има локални врнежи од дожд. УВ=8
Во недела ќе имаме слично време – Минимална температура: 9°C до 18°C. Максимална температура: 27°C до 36°C.
Сончево со умерена облачност и со слаб до умерен ветер од јужен правец. УВ=8
УХМР го објави следното предупредување: Денес и утре времето ќе биде сончево и многу топло со температури кои на југоистокот и вдолж Повардарието ќе бидат околу 40 степени. Согласно очекуваните вредности на температурата насекаде ќе биде активирано жолто ниво за опасност од високи температури.


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Find Your Beauty: dm ве поканува на најголемиот beauty настан досега!

Водечкиот европски синџир дрогерии го организира првиот најголем настан за убавина во нашата земја: dm …