(ФОТО) Како сиот нормалниот свет: Кејт Мидлтон зела сукало и ги замесила познатите колачиња

Принцот и принцезата од Велс предизвикаа срдечна реакција за време на нивната посета на Велс, нивниот прв заеднички ангажман по повеќе од една година.
По тој повод тие споделија неколку објави на социјалната мрежа Инстаграм каде се заблагодариле за пречекот, а на една од фотографиите ги гледаме Кејт и Вилијам како ги месат познатите велшки колачи.

Принцезата ги засукала ракавите, облекла престилка и решила сама да научи како да прави традиционален сладок велшки леб.


 

View this post on Instagram

 


A post shared by The Prince and Princess of Wales (@princeandprincessofwales)


– Има ли некој за велшки колачи? Задоволство е да се вратиме во Велс, пред Денот на Свети Давид овој викенд! Благодарам на прекрасните луѓе од „Понтиприд“ за топлото добредојде – напишале Кејт и Вилијам во описот на серијата фотографии на кои уживаат во пецивото и сукалото.

Рецепт за велшки колачи:
Состојки:
225 гр брашно, исеано
110 гр солен путер (по можност велшки)
1 јајце
малку суво грозје
млеко, доколку е потребно
85 гр шеќер во прав
плус путер, за подмачкување
Подготовка: истурете го путерот,исечен на коцки, во просеаното брашно па убаво тријте ги состојките за да се формираат грутки. Додадете шеќер, суво овошје, а потоа јајце. Мешајте додека не се изедначи, а потоа формирајте топчиња од тесто, користејќи само капка млеко по потреба. Расукајте го тестото со дебелина од околу 5 мм, а потоа исечете кругови со секач за колачиња со дијаметар од 7,5-10 см.
Загрејте тавче што претходно сте го намачкале со путер. Отстранете го вишокот маснотии со хартиена крпа и исепечете ворерна загреана на180 степени.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Ботаника Урбана кафана е идеално место за релаксација со пријателите

Ботаника Урбана кафана е идеално место за релаксација со пријателите, награда за по напорен период. …