Млада возачка во оваа бизарна сообраќајна несреќа во Царевдар, Хрватска, се здобила со лесни телесни повреди, а од полицијата потврдиле дека не била под влијание на алкохол…
Мештаните на Царевдар, Хрватска, биле сведоци на несекојдневна сообраќајна несреќа. Имено, во понеделникот околу 14.30 часот, 23. годишна возачка на Волсваген Пасат, возејќи кон Копривница, во десниот свиок од патот слетала директно во вдлабнатината, удрила во оградата и се кренала во воздух после што буквално „се залепила“ за семејна куќа.
Како што се дознава возачката се здобила со полесни повреди а од полицијата потврдиле дека не била под влијание на алкохол.

(ФОТО) Како и успеало: Го „залепила“ автомобилот за куќа
©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.