(ФОТО) КАКО ДЕНЕС ИЗГЛЕДА ПАРТНЕРОТ НА КАСАНДРА? Бил обвинет за силување на Шакира, па поминал 3 месеци во затвор

Латиноамериканската ѕвезда Кораима Торес, која публиката ја сакаше во серијата „Касандра“, ја посети Србија и ги потсети гледачите на популарната теленовела.
Покрај Касандра, која беше омилена актерка, главната улога ја имаше и актерот Освалдо Риос, кој го толкуваше ликот на Игнасио.
Сепак, една работа ставила голема дамка на неговата кариера.
Тој бил обвинет дека ја силувал познатата пејачка Шакира со која бил во врска. После тоа, тој поминал три месеци во затвор за насилство врз една девојка.


– Тоа е смешно. Една од најголемите лаги некогаш измислена. Самата Шакира рече дека ја третирав како принц – изјавил тогаш Риос за странските медиуми.


Да потсетиме, актерката од Венецуела, Кораима, позната и како славната Касандра од истоимената серија, пристигна во Србија на 22 септември.
Инаку, Касандра открила дека е невозможно да се снима продолжение на „Касандра“.
– Не. За жал не. Сценаристот на серијата почина, а правата на серијата ги имаат нејзините ќерки и тоа не го дозволуваат тоа. Второ, не изгледам како порано. Ја немам таа младост – рекла таа.

Фото: Принтскрин/Instagram – osvaldoriosalonso


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Едноставно и вкусно – Десерт без печење: Подгответе го тигар колачот за само 15 минути

Доколку сакате колачи, но немате време за рецепти кои бараат долга подготовка и печење, овој …