(ФОТО) ИСТОПИЛА 30 КИЛОГРАМИ – Колинда ги открила деталите од диетата благодарение на која многу ослабела, а ја сподели и „финтата“ со тестенините

Поранешната претседателка на Хрватска, Колинда Грабар-Китаровиќ, во ново интервју, меѓу другото ги открила и деталите од исхраната, благодарение на која ослабела 30 килограми.
„Не бројам калории, но внимавам на гликемискиот индекс на храната. Не консумирам додаден шеќер или висококалорични пијалоци. Целосно го исфрлив додадениот шеќер од исхраната, а солта и скробот ги намалувам исто толку како што можам“, изјавила таа за 24sata.hr.
Таа консумира и големи количини на маслиново масло. Таа не следи нискокалорична диета. Храната богата со „празни“ калории ја заменува со храна богата со хранливи материи, без разлика на бројот на калории, па помфритот го заменува со грчка салата. Сака медитеранска кујна.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Kolinda Grabar-Kitarović (@kolinda_gk)


„Многу разновиден крајбрежен зеленчук, боранија и грашок, многу зелен лиснат и друг зеленчук без или со малку скроб, многу различни салати, риба, пилешко, јаткасти плодови и семки, обичен јогурт или кефир, палента“, рекла таа.
Повремено консумира црвено месо. Нормално се труди да го избегне лебот, но понекогаш тоа го прави кога е на патувања.


„Сакам авокадо, но овде е тешко да се најде добро и доволно зрело авокадо. Сакам пица, но ретко си ја дозволувам, само кога сум надвор со добро друштво. Кога нарачувам пица, таа мора да биде „натоварена со зеленчук, за среќа, зеленчукот и салатите навистина го сакам и не можам без нив, исто како што не можам без добра супа или чорба“, изјавила таа.

Таа открила и трик благодарение на кој ја намалува количината на тестенини.
„Мешам многу малку тестенини со тестенини од тиквички кои ги правам сама. Посолувам малку да се исцеди водата, ги цедам и ги загревам во нелеплива тава за да останат крцкави и ги мешам со болоњезе сос, паштицада, но само онаа што сама ја правам. За среќа толку е комплицирана и толку време трошам на неа, па е многу ретка, бидејќи што е паштицада без њоки?“, рекла таа.

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Џорџ и Амал Клуни организираат петдневна хуманитарна забава: Билетите чинат 250.000 долари

Тие решиле хуманитарната акција да ја организираат на нивниот имот на езерото Комо. Холивудскиот актер …