(ФОТО) ИМАЛА ПОСЕБНА ПРИЧИНА – Кејт Мидлтон се огласила на Инстаграм и проговорила за здравјето: „Ја знам моќта на природата!“


Кејт Мидлтон по повод отворањето на новите градини во Природонаучниот музеј во Лондон и проговорила за своето здравје.
„Многу ја ценам посветеноста на музејот за создавање посебен простор кој ги охрабрува луѓето од сите возрасти повторно да се поврзат со природата и да научат повеќе за тоа како можеме да го заштитиме нашиот природен свет“, напишала таа.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Catherine Princess of Wales (@katemiddletonprincessofwales)


„Ја знам моќта на природата да го промовира нашиот развој и благосостојба, да донесе радост и да ни помогне да останеме физички, психички и духовно здрави. Се надевам дека овие градини ќе инспирираат и трансформираат илјадници луѓе кои ќе ги посетат”, додала Кејт.


Принцезата, која моментално се бори со ракот, пред неколку дена присуствуваше на финалето на Вомблдон, каде што им ги врачи пехарите на победникот Карлос Алкараз и вицешампионот Новак Ѓоковиќ.

Таа на натпреварот дојде со ќерката Шарлот и сестрата Пипа Мидлтон, а тоа беше нејзино второ појавување во јавноста откако со светот ја сподели својата тешка дијагноза.
Да потсетиме, принцезата на крајот на март преку видео објави дека оди на превентивна хемотерапија бидејќи се лекува од рак, а пред тоа имала и операција на абдоменот.

Фoтo: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Промоција на монографијата „Четврт век Интернационален фестивал на монодрама – Битола“

Фестивалот на монодрама доби свое трајно сведоштво. Во рамките на 26. издание на Интернационалниот фестивал …