Долгогодишната партнерка на Клинт Иствуд, Кристина Сандера, починала на 18 јули, а сега е откриена причината за смртта.
Претставник на здравствената канцеларија на округот Монтереј им открли на медиумите дека Кристина Сандера починала од срцев удар. Таа имала 61 година.
Во извештајот се наведува дека непосредна причина за смртта била срцева аритмија, што всушност е абнормалност во отчукувањата на срцето. Исто така, атеросклеротичната коронарна артериска болест била наведена како дополнителна состојба што довела до смрт на Сандер.
Инаку, веста за нејзината смрт ја сподели и Клинт Иствуд, кој во исто време се прости од неа.
„Кристина беше прекрасна, грижлива жена и многу ќе ми недостига“, рекол 94-годишниот актер во изјава за „Hollywood Reporter“.
Двојката се запознала во 2014 година, кога Сандера работела како хостеса во хотелот на актерот во Калифорнија. И покрај 33-годишната разлика во години, тие успешно ја одржувале врската. Иако Сандера не е во светот на познатите личности, таа повремено го поддржувала Иствуд на премиери и доделување на разни награди.
Иствуд претходно беше во брак со манекенката Меги Џонсон од 1953 до 1984 година, а потоа од 1996 до 2014 година со водителката Дина Руиз.
Фото: Принтскрин/klix.ba