Диетата на Хали Бери
Таа е позната и како една од најгласните поборници на кето диетата, бидејќи тоа и помогнало да го држи дијабетесот под контрола. Тој го прескокнува појадокот, со што можеби многу нутриционисти не би се согласиле, а наместо тоа пие цеден сок од лимон, зелено смути и bulletproof кафе (познато и како кето кафе, свежо кафе со путер и кокосово масло). Следува тренинг, па првиот оброк помеѓу 12:00 и 14:00 часот. Ручекот обично се состои од пилешко со многу зеленчук, или јајца или риба.
Таа го намалила внесот на овошје, особено она што содржи многу шеќер. Последниот оброк е околу осум или девет часот, а после тоа – пост. До утре на ручек.
Бидејќи има дијабетес, одамна го исфрлила шеќерот од исхраната. Како што признала, на почетокот не и било лесно бидејќи била зависна од слатки. Но, здравјето е поважно од страста. Се откажала и од храна која содржи јаглехидрати, не јаде ориз и леб, но нашла алтернатива за нив. Таа пие многу вода и зема амино киселини, кои ги регенерираат мускулите.
View this post on Instagram
Порталот Byrdie донесува преглед на нејзините кето рецепти кои ги објавувала на својот Инстаграм профил низ годините, а голем дел е преземен од книгата Quick & Easy Ketogenic Cooking од Мари Емерих. Еве што јаде Хали за појадок, ручек и вечера, како и во какви грицки ужива.
Појадок
Таа не споделува многу рецепти за појадок, па затоа е можно во нејзината исхрана да вклучи повремен пост, што наводно може да ги забрза резултатите од кето. Исклучок е зеленото смути со цвекло, кое е наменето за оние кои сакаат природно да одржуваат здраво ниво на гликоза во крвта.
Ручек
Состојки: мешан зелен зеленчук, резанки од тиквички, домати, мелено говедско месо, мисирка или пилешки батаци без коски, сирење, кисели краставички
Кето салата од свеж мешан зелен зеленчук и резанки од тиквички е пример за кето ручек. Во салатата се додава пржена мелена мисирка или друго месо како извор на протеини, неколку чери домати и кисели краставички. Овој оброк се дополнува со рендано сирење, создавајќи хранлив и избалансиран ручек прилагоден на нејзината кето диета.
View this post on Instagram
Вечера
Состојки: тврдо варено јајце, домати, краставици, коцки чедар сирење, лосос или туна, маслиново масло
Печен стек од туна или лосос се одличен избор за последниот оброк. Туната се пече на маслиново масло додека не порумени, а може да се сервира со свежи коцки чедар сирење, исечкани краставици и домати. Одличен додаток е и тврдо варено јајце, а се може да се зачини со маслиново масло, сол и бибер.
Закуска
Состојки: пршута, рукола, домати, јајца, јаткасти плодови
Роилничките од пршута со рукола се одлична закуска. Пршутот се завиткува околу свежите листови рукола и се додаваат неколку чери домати. Варените јајца и јаткастите плодови се одличен додаток во исхраната кој обезбедува протеини и здрави масти.
View this post on Instagram
Покрај физичкото здравје, убавата актерка внимава и на менталното здравје. Кога сака да го расчисти умот и да се опушти, таа се повлекува во катче наменето за медитација, обично на крајот од денот, со цел да се „поврзе со себе“ и да ги подготви умот и телото за нови предизвици.
View this post on Instagram
Фото: Принткрин/Instagram