Кога некој ќе ја спомне Хали Бери, веројатно нема прво да помислите на улогата за која таа доби Оскар, туку ќе кажете: „Таа жена изгледа како милион долари!“. Таа изгледа како сто милиони долари, особено ако се земе предвид фактот дека овој август наполни 58 години.
Хали Бери, поранешната Бонд девојка, каде и да се појави го запира чукањето на срцето, а тоа беше случај и пред неколку вечери во Њујорк кога ги шармираше присутните на премиерата на филмот „Never Let Go“. Таа носела креација која и ласкала на нејзината совршена силуета, а она што не го носеше беше брусхалтер. Изгледа дека нема потреба од него, сè уште е на свое место иако е на крајот од шестата деценија.
Да не заборавиме дека има и две деца, како и дијабетес тип 2, кој и бил дијагностициран во раните дваесетти.
View this post on Instagram
Ако го погледнете нејзиниот Инстаграм профил, ќе ви биде кристално јасно зошто Хали Бери е една од најатрактивните холивудски диви. Кога би се пријавила на натпревар за убавина со многу помлади колешки, веројатно без проблем би победила. Здрав живот, редовен тренинг, урамнотежена исхрана – ова е составот на нејзината формула за совршен изглед, а очигледно и за вечна младост.
View this post on Instagram
Кога пред неколку години се подготвувала за улогата на ММА борец, неуморно вежбала, никогаш не излегувајќи од теретана. Дури и олимпијците би ѝ позавиделе. Во приказната го вклучила и боксот, кој вообичаено го практикува редовно бидејќи и помагало да го ослободи стресот и да и ја зголеми самодовербата, истегнување, кое служи како подготовка за потешки вежби како кревање тегови, потоа трчање и на крајот јога, за враќање на телото во рамнотежа и релаксација на мускулите по оптоварување.
View this post on Instagram