Салма Хајек реши на интересен начин да го „поздрави“ месец јули, објавувајќи фотографии во костим за капење, со кои уште еднаш потврди дека и’ на 57 години е меѓу најубавите жени на светот.
Американско-мексиканската актерка објави фотографии на кои позира покрај базен, облечена во зелен костим за капење со розови детали. Без никаква шминка и со спуштена коса, Хајек изгледаше фантастично, а ова нејзино издание не остана незабележано.
View this post on Instagram
„Чекајќи го август“, напиша Салма покрај објавата на Инстаграм.
View this post on Instagram
Како што е вообичаено, секое нејзино појавување предизвикува чудење поради нејзиниот изглед кој целосно ги демантира нејзините години.
„57 години, а се уште е една од најубавите жени на планетата“, истакна еден од обожавателите на актерката.
View this post on Instagram
Хајек неодамна имаше можност да го носи олимпискиот факел пред отворањето на Олимписките игри во Париз, на кои присуствуваше заедно со голем број други познати личности.
Таа се пофали со фотографиите на Инстаграм, велејќи дека и е чест да учествува и дека е горда што го претставува „трајниот дух на Олимписките игри, кој носи светлина, надеж и единство за сите“.
Фото: Принтскрин/Instagram