(ФОТО) Игор Џамбазов повторно со старата љубов!

 

Сигурно се сеќавате дека миленичката на нашиот шоумен, Игор Џамбазов, Емилија Џамбазова Бавчанска, пред околу една година беше една од најпопуларните мачки на социјалната мрежа Фејсбук.


Нејзиниот газда го „нарекуваше“ хомо-сапиенс, а пак тој нејзе ја возвишуваше до небо со подарената љубов.


Покрај него и она стана популарна, па Емилија стана омилената позната македонска мачка на социјалните мрежи.

Но изгледа Емилја ја удри славата во глава, па нејзиниот хомо-сапиенс реши малку да ја олабави и да ја стави во медиумска илегала.


Профилот на Емилја Бавчанска остана без нови објави од неа, а газдата како да на сакаше да чуе повторно да ја „врати во игра“.

Дел од фановите дури се запрашаа да не случајно на познатата мачка и се случило нешто, но таа дилема ја разреши нејзината пријателка, а и пријателка на газдата, Тамара Тодевска.

По подолго време, таа на Инстаграм објави фотогтрафија од Емилја и Игор, прегрнати и во љубов, како и порано.

Веруваме дека обожавателите повторно би посакале да ја гледаат и да ги читаат „нејзините шеги“, посветени на нејзиниот драг хомо-спапиенс, а и останатите од неговиот род.

Извор : Вистина.мк

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Денес почнува Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“

Интернационалниот детски музички фестивал „Ѕвездички“ е натпревар за најдобра детска песна. Сите учесници настапуваат со …