Доматите се многу важен извор на калиум кој го губиме во текот на топлите летни денови и кога е топло, па затоа е важно да ги вклучите во исхраната во овој период.
Доматите се идеална летна намирница, особено кога е жешко, а во тоа се согласуваат и лекарите. Суровите домати се извор на антиоксидансот ликопен, како и на витамин Ц, калиум и фолна киселина.
Јадете домати а салатата од домати зачинувајте ја со зачини. Солта го неутрализира калиумот во доматите, па затоа никогаш не би требало да се солат доматите.
Јадете домати – зајакнете ги коските
Популарниот црвен зеленчук содржи калциум и калиум кои помагаат во зајакнувањето на коскениот систем. Остеокалцин, протеин на коските, го синтетизира витаминот К, кој го има во изобилство во доматите. Остеокалцин ги врзува молекулите на калциум, а со тоа го зајакнува коскеното ткиво.
Друга важна компонента која служи за зајакнување на коските е ликопенот. Тоа е црвен пигмент кој го има не само во доматите, туку и во другиот црвен зеленчук. Поволно делува на коскениот систем и помага во борбата против остеопорозата – кошмар на секоја жена. Токму затоа на жените над 40 години им се советува да вклучат повеќе домати во исхраната.
Го намалуваат крвниот притисок
И уште еднаш за ефектот на ликопенот врз нашето тело. Се прашувате што друго може да направи тој ликопен за нашето здравје. Видовме дека може да направи многу работи, но треба да споменеме уште една важна придобивка – намалување на крвниот притисок.
Недостатокот на калиум во нашата исхрана предизвикува висок крвен притисок. Може да влијае и на вишокот натриум, бидејќи калиумот го исфрла натриумот од телото. Доматите обезбедуваат доволно калиум и го намалуваат крвниот притисок.
Домат – идеален помошник за дијабетичари
Друга важна здравствена придобивка од доматите е тоа што помагаат во регулирање на нивото на шеќер во крвта. Тој е одличен извор на хром и влакна кои го одржуваат нормалното ниво на шеќер во крвта.
Секако, тоа не значи дека можете без проблеми да јадете слатки доколку доматите се присутни во вашата секојдневна исхрана. Запомнете, рамнотежата е важна.
Фото: Архива