Иако чекори во седмата деценија на животот, на актерката и завидуваат и многу помладите колешки.
Не сте слушнале за Шерон Стоун само ако живеете во целосна изолација од светот а сигурно сте ја виделе во голем број филмови. Покрај филмовите, Стоун е едно од најпосакуваните лица на насловните страни на светски познатите списанија како Vogue и Harper’s Bazaar. Оваа убава Американка може да се пофали со интелигенција (IQ-) од 154, што ја рангира во 0,1 процент од човештвото и меѓу вистинските генијалци, а покрај брилијантниот мозок, Стоун може да се пофали и со иста таква фигура.
Актерката на својот Инстаграм профил објавила фотографија каде се одмара покрај базенот во минијатурно бикини, а се пошегувала и со ставање метална кацига на главата и во описот на фотографијата напишала дека тоа и го држи умот во место.
Инаку, не се знае многу за Стоун за нејзиниот љубовен живот, во моментот. Актерката била два пати во брак, со Мајкл Гринбург со кого беше во брак три години, а се разведоа во 1987. година, и Фил Бронштајн, од кого се разведе во 2004. година, а во брак биле шест години.
Да потсетиме дека Шерон Стоун имавме можност, меѓу другите филмови, да ја гледаме во „Сирови страсти“, „Сливер“, „Брзи и мртви, „Специјалист“ и во „Казино“ за која улога заработи номинација за Оскар.
Г.О.