(ФОТО) Холивудската ѕвезда ненадејно умрела на 39 години од подмолна болест која ја имаат околу 130.000 луѓе во Македонија: Точно 2 месеци по смртта, откриена е причината


– Мишел Трахтенберг починала од компликации предизвикани од дијабетес на 39-годишна возраст
– Полицијата веднаш ја исклучила можноста за насилна смрт
Мишел Трахтенберг, популарната американска телевизиска и филмска актерка, ненадејно почина на 17 февруари на 39-годишна возраст, а причината за смртта беше откриена дури денеска. Полицијата веднаш ја отфрлила можноста за насилна смрт – што е потврдено денеска.


Мишел Трахтенберг, актерката која прерано нè напушти, а која многу Македонци ја забележаа и ја сакаа благодарение на улогите во сериите „Озборувачка“ и „Бафи убиецот на вампири“, починала од компликации предизвикани од дијабетес – официјално е соопштено од судскиот совет во Њујорк.
Според извештајот на NBC News, Трахтенберг имала трансплантација на црн дроб непосредно пред нејзината смрт.
Веднаш по нејзината смрт, многу колеги од светот на филмот и телевизијата се простија од неа со трогателни пораки. Блејк Лајвли, нејзината колешка од серијата „Gossip Girl“, изјавила: „Таа беше чиста енергија… Можеше да се забележи кога влегува во собата бидејќи вибрацијата се променуваше. Сè што правеше, правеше со 200% од себе“.


Актерката Џеј Смит-Камерон, која играше со неа во филмот „Шпионот Хариет“, изјавила: „Секогаш беше многу топла. Многу сум шокирана и вознемирена од веста за нејзината смрт“.
Сара Мишел Гелар, нејзината колешка од серијата „Бафи убиецот на вампири“, се простила со зборовите: „Мишел, слушај ме… Те сакам. Секогаш ќе те сакам. Најтешкото нешто на овој свет е – да живеам во него. Ќе бидам храбра. Ќе живеам… за тебе“.


Симптоми на дијабетес
Јелена Пак, сертифициран натуропат, истакнала некои важни знаци на дијабетес, кои треба да ги сфатите сериозно – иако никој околу вас, а често дури и општ лекар нема да ги забележи.
Во Македонија околу 130.000 луѓе се соочуваат со подмолната болест, сува кожа што чеша, зголемено мокрење, ненаситна жед, губење на тежината и глад, слабост и исцрпеност, трнење во дланките и стапалата, чувствителни непца и проблеми со видот – ова се симптоми кои можат да останат незабележани со години, но всушност укажуваат на дијабетес.


Фото: Архива

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Македонско – грчки поетски координати

Во рамките на манифестацијата „Денови на поезијата“, во Скопје Сити Мол, денес, со почеток во …