(ФОТО) Холивудска ѕвезда – Бред Пит денеска го слави својот 61 роденден: И’ во седмата деценија е еден од најатрактивните мажи во светот

Холивудскиот актер Бред Пит, еден од најпосакуваните мажи на светот, денеска го слави својот 61 роденден, влегувајќи во седмата деценија од животот.
Бред Пит е роден на 18 декември 1963 година во Шенон, Соединетите Американски Држави. Неговата кариера во светот на филмот започна кон крајот на осумдесеттите, а првиот вистински пробив го направи во средината на деведесеттите. Славата ја стекна преку неколку големи холивудски улоги, а неговиот талент, харизма и физички изглед го направија вистинска ѕвезда.

 


View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)


Неговата прва голема улога беше во 1988 година во филмот „Темната страна на сонцето“, каде што го толкуваше ликот на млад Американец чие семејство му помага да се опорави од кожна болест. Филмот се снимаше во Југославија, а Пит за време на снимањето седум недели заработувал 1.523 долари неделно.
После тоа добива улога во ТВ филмот „Премлад за да умре?“. Сепак, вистинска ѕвездена кариера започна во средината на деведесеттите години на минатиот век.


 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Некои од најпознатите и најомилените улоги што Бред Пит ги постигна во филмовите како „The Devil’s Own“, „Seven Years in Tibet“, „Meet Joe Black“, „Ocean’s Twelve“ и „Troy“. Неговиот талент не остана незабележан, а многумина го сметаат за еден од најважните актери на неговата генерација.
Еден од клучните моменти во неговата кариера беше неговата изведба во филмот „Телма и Луиз“ од 1991 година, каде го толкуваше ликот на ситен криминалец скитник. Оваа улога, иако споредна, го направи Пит вистински „секс симбол“, а љубовната сцена со Џина Дејвис, во која тој беше прикажан речиси гол со каубојска капа, стана иконска и остана во меморијата на публиката.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Бред Пит беше во брак со популарната актерка Џенифер Анистон, а нивната романса беше под будното око на светските медиуми. Меѓутоа, по снимањето на филмот „Господин и госпоѓа Смит“, каде глумеа убијци со Анџелина Џоли, Бред започна љубовна врска со Анџелина. Таа врска, бракот и нивниот развод беа проследени со голем интерес во јавноста. Со Анџелина Џоли, има шест деца – три биолошки и три посвоени.
Бред потоа започна врска со 31-годишната актерка Инес де Рамон. Имено, таа во февруари оваа година се преселила кај Бред во Лос Анџелес. Ова е прва сериозна врска на Бред по разводот со Анџелина Џоли.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Иако денес има шеесет години, Бред Пит се уште изгледа одлично и со секој нов проект го потврдува статусот на холивудска икона, а секако стана и симбол на гламурот и убавината.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Brad Pitt (@bradpittofflcial)

Фото: Принтскрин/Instagram

©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

Телеком донира 6 милиони денари за помош на семејствата на настраданите во Кочани

Во овие тешки времиња за целата нација, длабоко жалиме за младите изгубени животи во трагедијата …