Актерот Хју Џекмен (56) и актерката Сатон Фостер (49) ја потврдија својата врска со серија фотографии на кои се држат за раце додека шетаат во Санта Моника, Калифорнија.
Со ова се потврдија повеќемесечните шпекулации за нивната наводна врска, пишуваат странските медиуми.
Сегашната двојка за прв пат се запознала во 2021 година кога ги започнувале подготовките за мјузиклот „Music Man“ на Бродвеј. Проектот довел до тоа тие да станат блиски пријатели, а потоа и романтични партнери.
View this post on Instagram
Џекмен беше обвинет од многумина дека поради Сатон ја оставил сопругата во септември 2023 година по 27 години брак, но тој секогаш ги негираше овие наводи. Од друга страна, во октомври 2024 година, Сатон се развела од Тед Грифин и со тоа ставила точка на десетгодишниот брак.
View this post on Instagram
Фотографиите на папараците покажаа дека парот ужива во врската, насмеани додека се упатуваа кон ресторанот.
View this post on Instagram
Фото: Принтскрин/Instagram